Енергетски Центри
Грлена Чакра
Се наоѓа во центарот на грлото. Ги контролира и енергизира грлото, тироидната жлезда, паратироидната жлезда и лимфниот систем. До одреден степен влијае и на секс чакрата.
Неправилната функција на грлената чакра се манифестира како болести на грлото: гушавост, воспалување на грлото, губење на гласот, астма и тн.
Оваа чакра зрачи чиста сина светлина. Кога грлената чакра е чиста, тогаш чувствуваме внатрешен, комплетно непроменлив мир; се чувствуваме силно, без оглед на околностите. Оваа сила нема ништо заедничко со моќта, туку извира од нас самите, нашето повисоко или Божествено Јас.
 |