"Superbrain" Јога



"Superbrain" Јога е едноставна и ефективна техника за енергизирање и надополнување на мозокот. Базирана е на принципите на функционирање на суптилната енергија и ушната акупунктура.

"Superbrain" Јога ја трансформира енергијата од долните енергетски центри во повисоки суптилни енергии, кои понатаму се користат од горните енергетски центри. Кога овие се високо енергизирани, истовремено го енергизираат мозокот кој при тоа функционира со поголема ефективност и продуктивност.

"Superbrain" Јога не само што го енергизира мозокот, туку и ги балансира енергиите кај следните енергетските центри: срцев, грлен, аџна, челен и крунски енергетски центар.
Кога енергијата од базичниот и секс енергетскиот центар ќе се придвижат до срцевиот енергетски центар, се трансформираат во внатрешен мир. Кога таа ќе навлезе во грлениот енергетски центар и во аџна, се трансформира во поголема интелигенција и креативност. А кога ќе навлезе во челниот и крунскиот енергетски центар, се трансформира во повисок степен на духовност. Пониските енергии се трансформираат во суптилни енергии кои мозокот ги користи за подобрување на неговата функција.

Последица од ова е ослободување од стресот при практицирање на "Superbrain" Јога.

Останати придобивки од практицирање на "Superbrain" Јога се зголемена психолошка стабилност и способност да се регулира сексуалниот нагон. Овој факт е мошне полезен кај деца во пубертет. Долгорочната практика на "Superbrain" Јога може да ве направи поинтелегентни и психолошки побалансирани.

Пилот студиите за ефектите на "Superbrain" Јога кај деца од училишна возраст, вклучуваат деца со синдром на недостаток на внимание и хиперактивни деца, деца со пречки во развојот и нарушувања во мисловниот процес, Даунов синдром и одредени потешкотии во учењето. Кај овие деца по примената на "Superbrain" Јога забележано е зголемување на академските способности и подобрување на однесувањето, поголемо учество на часовите и подобрени социјални вештини.

Во една од студиите, резултатот од електроенцефалографот покажува зголемена амплитуда на parieto-occipital регион на мозокот по примената на "Superbrain" Јога. Ова покажува зголемена мозочна активност по оваа вежба.

 

       е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com