Енергетски Центри
Соларен Плексус Чакра
Се наоѓа на пределот на соларниот плексус или празниот простор помеѓу ребрата, под градната коска. Преден и заден соодветно на предната и задната страна на телото. Терминот "Соларен Плексус Чакра" се однесува на двете чакри, предна и задна. Ги контролира и енергизира дијафрагмата, панкреасот,црниот дроб, стомакот и до одреден степен тенките и дебелите црева, слепото црево, белите дробови, срцето и други делови од телото. Влијае на квалитетот на крвта бидејки го контролира и енергизира црниот дроб, кој ја прочистува.
Соларниот плексус е центар за прочистување на енергијата. Суптилните енергии од долните и горните чакри минуваат низ него. Целото тело може да се енергизира преку соларниот плексус. Соларниот плексус го контролира загревањето и ладењето на телото. Неправилната работа на оваа чакра се манифестира како дијабетес, чир на желудникот, хепатитис, срцеви заболувања и други болести поврзани со споменатите органи.
 |