Енергетски центри

Секс чакра

Се наоѓа на местото на репродуктивните органи. Ги контролира и енергизира сексуалните органи и мочниот меур.
Неправилната функција на оваа чакра се манифестира преку проблеми со репродуктивниот систем. Силно влијание на неа имаат аџна, грлената и базичната чакра. Неправилната функција на некоја од наведените чакри, може да доведе до неправилна функција на секс чакрата.
Кога меѓу партнерите постои вистинска љубов, во текот на интимниот однос, околу нив се создава фантастична аура, со вибрации со огромна моќ, која може да се спореди со пурпурна шума од бајките, каде цветови и лисја формираат лак над нив. Оваа аура може да уништи голем дел од негативната карма на партнерите.
Сето ова значи дека љубовта меѓу луѓето претставува волја да се дава, наместо да се зема. Јасноста на свеста кај личноста чија секс чакра е чиста, кажува дека таа личност живее позитивен живот, живот без жалби, поплаки и укорување на другите, живот во согласност со вистината: секој сам ја создава сопствената свест, како позитивна или негативна импресија на светот во кој живее.


      е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com