Самозаштита

Уметност на заштита од физичка, етерична, емоционална, ментална и енергетска контаминација и напади во нашето енергетско поле и околина, без оглед дали се тие свесни или несвесни. Научете да креирате заштитно енергетско поле за луѓе, објекти и простор, со цел да ги зајакнете и направите сигурни, непропустливи за негативна енергија и со неможност за репрограмирање од други.

Научете да ги трансформирате или пренасочувате негативните мисловни форми, емоции, вибрации и заболени енергии во себе и другите. Оние кои ги применуваат техниките дадени во семинарот забележуваат зголемена самодоверба, здравје, енергија, почит и храброст. Познато е дека ги намалува кошмарите. Силната аура со која се здобиваат практикантите дури и ги заштитува од физичко насилство и несреќи. Практиката може да доведе и до духовно напредување. Техниките немаат намера да ве направат надчовек, така што тоа и не треба да го очекувате. Со нив едноставно се развиваат веќе постоечките способности, како и кај борбените вештини.
       Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com