ПХ Систем

"Лекувањето со Прана не е наменето да ја замени класичната медицина, туку да ја надополнува. Ако симптомите продолжат да се јавуваат или болеста е сериозна, веднаш консултирајте лекар или Лиценциран Прана Исцелител".

- Мастер Чоа Кок Суи

Лекувањето со Прана е базирано на целосната структура на човечкото тело. Физичкото тело на човекот се состои од два дела: видливо физичко тело и невидливо енергетско тело наречено биоплазматично тело. Видливото физичко тело е дел од човечкото тело кој го гледаме, го допираме и на кој сме навикнати Биоплазматичното тело е невидливо блескаво енергетско тело кое навлегува во физичкото тело и се простира и надвор од него.

Лекувањето со Прана е древна уметност и наука на лекување, која користи Прана или "ки" (животна енергија) со цел сеопфатно лекување на физичкото тело.Прана е санскритски збор со значење "животна сила", невидлива био-енергија или витална енергија која го одржува телото во живот. Лекувањето со Прана било широко распространето и применувано во древните цивилизации на Кина, Египет и Индија.

Опфаќа лесно разбирливи техники на природно лекување и претставува научна бездопирна технологија. Ја користи Праната со цел поттикнување на специфични биохемиски процеси и забрзување на вродената способност на телото да спречува, олеснува и лекува широк спектар на физички, емоционалнни и ментални заболувања.

Методите се едноставни и лесни за учење; секој може да научи и применува Лекување со Прана за многу кратко време. Не се потребни претходни знаења. Лекувањето со Прана бара време за усовршување. Секоја здрава личност со просечна интелигенција, концентрација и упорност може да научи Лекување со Прана за многу краток временски период. Не е потребен физички допир бидејќи Лекувањето со Прана се применува првенствено на енергетското тело.


Што може да се постигне со Лекувањето со Прана?

  • Да се намали температурата за неколку часа и излекување за ден-два кај деца со треска.
  • Ослободување од главоболки, стомачни болки, забоболки и мускулни болки, веднаш во повеќето случаи.
  • Кашлица и настинка вообичаено се лекуваат за ден или два. Неправилна работа на цревата за неколку часа.
  • Тешки заболувања како на пример: проблеми со очите, бубрезите и срцето се ублажуваат со неколку третмани, а се лекуваат за неколку месеци.
  • Го зголемува степенот на лекување три пати повеќе од нормалата.

  • Ова е само дел од се она што е можно со Лекувањето со Прана.

    Извори на енергија

    Најголемиот дел од "Прана" (Индиски - Санскрит), "Чи" (Кинески - Тао) или Животна Енергија ја добиваме од воздухот кој го дишеме. Секое живо битие зависи од дишењето и крајот на дишењето е крај на самиот живот. Константно ја трошиме нашата витална животна енергија со секоја мисла, чувство и емоција, секоја постапка или движење на мускулите. Како последица, потребно е константно надополнување...

    Лекувањето со Прана како што е предадено од Мастер Чоа Кок Суи е разбирлив холистички систем за одржување на здравјето, со кој се лекува свесно, користејќи метод на трансформација кој е лесен за учење, практичен, но истовремено и многу моќен.

    Се темели на принципот дека состојбата на аурата или спиритуалното енергетско тело на човекот создава или здравје или дисхармонија и болест на соодветниот телесен систем. Ова значи дека физичките, емоционалните и менталните болести се всушност манифестација на дисбалансот на виталната животна енергија во аурата и енергетските центри.

    Оваа природна, превентивна техника на лекување ја објаснува трансформацијата на нездравите енергетски модели преку процесот на "Чистење" и "Енергизирање", враќање на балансот и зголемување на степенот на ревитализација на телото. Методот не е агресивен и не бара физички контакт. Вклучува "Скенирање" заради идентификација на наводен дисбаланс, потоа отстранување на болеста или заразената енергија и трансфер на свежа Прана кон личноста преку аурата и енергетските центри.

    Врз база на стотици експерименти и под водство на неговиот учител С.М. Меи Линг, Г.М. Чоа Кок Суи ги синтетизирал традиционалните техники на лекување и медитација во Рационална наука и Модерна уметност, достапна за сите. Основан во 1988 година, Институтот за внатрешни студии (Манила) е одговорен за ширење на лекувањето со Прана на секој континент со оформување на Центри за лекување со Прана во повеќе од 45 земји. Паралелно на него, Фондацијата за Лекување со Прана, не-профитна глобална мрежа, работи во неразвиените земји.

    Прана или животна сила е принцип кој ги анимира сите живи битија. Кога телото е болно или има болка, животната сила и енергетското поле на телото се зафатени. Лекувањето со Прана ве учи на техники за прочистување и полнење на енергетското тело.

    Природна способност

    Сите ние имаме природна способност да лекуваме. Тоа станува очигледно кога, на пример, инстиктивно си го масираме челото или слепоочниците или кога дуваме на изгореница или рана. Преку древната наука и уметност на Лекувањето со Прана, можете да ја развиете таа способност за лекување.

    Праната може да биде насочена и кон некој друг со цел негово лекување. Луѓето кои имаат големо количество Прана ги прават оние околу нив да се чувствуваат подобро и поживо. Исто така, оние кои имаат недостаток на Прана, несвесно апсорбираат Прана од другите луѓе. Можеби сте сретнале луѓе покрај кои се чувствувате уморно или исцрпено, без некоја очигледна причина за тоа.

    Некои дрвја, борови или големи здрави дрвја, зрачат големи количества на Прана, кои можете да ги апсорбирате. Секој може да научи свесно да апсорбира Прана од дрвјата, сонцето или воздухот преку дланките, стопалата или со движење.

    Потекло

    Лекувањето со Прана потекнува од древни времиња. Индиските раџи, Кинеските Таоисти и Тибетските Монаси се едни од многуте кои низ вековите користеле "Прана" или енергија на лекувањето. Меѓутоа, до неодамна, овој систем бил тајно и селективно предаван и применуван од страв од неправилна примена.

    Мастер Чоа Кок Суи, филипинец со кинеско потекло, повторно ги открива овие древни техники и преку внимателни истражувања во Институтот за внатрешни студии во Манила ги развива во документирана наука. Институтот за внатрешни студии е специјализирано истражувачко тело со континуиран ангажман во понатамошни истражувања и развој. Светската фондација за лекување со Прана е основана во 1990 година со цел да се подигне велот на мистеријата од оваа древна форма на лекување и да биде прифатена од денешниот човек за доброто на човештвото и планетата.

    Праничната енергија е древен концепт во Хинду начинот на живот. Претставува животна сила, свесност или енергија во нуклеарна состојба. Индиските светци и јасновидци ја користеле енергијата преку механизмот на човечкото тело и со нивниот дисциплиниран ум во достигнувањето на духовно блажество/просветлување. Примената на праничната енергија нема никаква поврзаност со каста, боја или религија. Тоа е универзален систем. Човечкото суштество се смета за еволуирана душа. Од секојдневниот живот се произлезени неколку терапевтски системи. Индиските светци и јасновидци го унапредиле системот со нивниот интуитивен пристап. Ваквиот систем има способност да го издржи тестот на времето. Вака еволуиран, системот е совршен на секој можен начин.

    Праната и лекувањето

    Експертите утврдиле дека околу секој човек постои блескаво енергетско тело наречено биоплазматично тело. Тоа има ист изглед како и видливото физичко тело. Зборот биоплазматично означува живо енергетско тело изградено од невидлива суптилна материја, односно етерична материја. Науката повторно го открива постоењето на енергетското тело со помош на Кирлиановата фотографија.

    Лекувањето со Прана користи три основни техники за корекција на дисбалансите:
    - Скенирање на енергетски аномалии предизвикани од негативна, искористена или заболена    енергија / скенирање на блокади, натрупувања и недостаток на енергија.
    - Отстранување на таа енергија.
    - Надополнување со витална енергија.

    Лекување со Прана на далечина

    Прана обоена со мислите на испраќачот може да биде пренесена до личности на далечина, кои се согласни да ја примат, така што лекувањето би се извршило на овој начин. Механизмот на праничното лекување на далечина е слично на функционирањето на телефонот. Можноста да контактирате со другите луѓе се должи на поврзаноста на вашите телефонски линии.

    Пациентот и лечителот се меѓусебно поврзани поради тоа што нивните етерични, односно енергетски тела се дел од енергетското тело на Планетата Земја. Ваквата поврзаност го овозможува лекувањето на далечина. Способноста да се скенира пациентот на далечина е техника која се развива преку редовно практицирање.



    клик до горе
           Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com