Енергетски Центри
Папочна Чакра
Оваа чакра се наоѓа на папокот. Ги контролира и енергизира тенките и дебелите црева и слепото црево. Влијае на општата виталност на човекот. Неправилната работа на оваа чакра се манифестира како запек, воспаление на слепото црево, намалена виталност и други заболувања поврзани со цревниот систем.
Зборот "КИ" се однесува на суптилните енергии во негово пошироко значење. Се користи со значење воздушна прана, земјена прана, црвена прана итн. Исто така означува и "биосинтетички КИ" кој го произведува папочната чакра. "Биосинтетичкиот КИ" многу се разликува од праната или животната енергија. Влијае на способноста да се прими, дистрибуира и асимилира праната.
 |