Енергетски Центри

Менг Меин Чакра

Се наоѓа на местото на папокот на задната страна на телото. Служи како "енергетска пумпа" во рбетот и одговорна е за нагорниот тек на суптилната пранична енергија која доаѓа од базичната чакра. Ги контролира и енергизира бубрезите и надбубрежната жлезда. Го контролира крвниот притисок. Неправилната функција на оваа чакра се манифестира преку проблеми со бубрезите, намалена виталност, висок крвен притисок и проблеми со грбот.
Менг меин чакрата има големина од околу 2/3 до 1/2 од големината на останатите чакри. Оваа чакра смее да биде третирана само од искусни или напредни Прана исцелители. Менг меин и секс чакрата го контролираат и енергизираат уринарниот систем.
Кај бебиња, мали деца, бремени жени и многу стари луѓе не смее да се енергизира Менг меин чакрата поради можна појава на контра-ефекти.


       Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com