Медитација

Што е медитација?

Медитацијата е духовен тренинг.
Медитацијата е илјада годишна уметност на Истокот.
Буда живеел пред 2.500 години и знаел 84.000 различни начини да се контролираат и смират негативните емоции.
Будизмот познава безброј методи на медитација.


Sogyal Rinpoche, Медитација
"За среќа во овој момент живееме во свет, во кој се повеќе луѓе се запознаваат со медитацијата. Медитацијата се повеќе се признава како вежба која ги надминува културните и религиозните граници и им нуди на практикантите можност за директен контакт со вистината за нивното битие.
Медитацијата е практика која ги надминува догмите на сите религии.
Во исто време таа е суштина на сите религии."

Почитуваниот Мастер Чоа Кок Суи ни ги дава следните цитати за медитацијата:
      (Извадоци од "Зад границите на умот, Сутри на Златниот Лотус" од Мастер Чоа Кок Суи)

  • Медитирајте заради себе, а не заради учителот.

  • Целта на медитацијата е развој на вашите повисоки способности. Без овој развој, разбирањето на длабоките духовни вистини не е можно.

  • Правилата за медитација се слични на возачките правила. Следете ги едноставните инструкции.

  • Медитацијата има прочистувачки ефект. Ја засилува конекцијата со Севишната Душа.

  • Медитацијата го забрзува процесот на еволуција преку прочистување на негативните тенденции.

  • Луѓето, генерално, се психолошки блокирани. Пред медитација морате да се прочистите за да ја минимализирате можноста за психолошка катарза.

  • Внатрешната бучава ве спречува да осознаете кои сте вие навистина. Регулирајте ги вашите мисли и емоции! Облакот на мисли и емоции во аурата е како густ, цврст оклоп, го замаглува погледот, слично како кога носите темни наочари. Ова ги спречува луѓето да размислуваат јасно.

  • Не медитирајте, односно не мислете на оние кои ве повредиле или ви отежнале. Она на што медитирате, тоа и ќе станете! Медитирајте на Духовните водачи и на Севишните битија.

  • Свесноста е неопходна за духовна еволуција. За да имате внатрешна свесност, мора да практикувате искреност и објективност кон себе.

  • Кога ситуацијата е надвор од ваша контрола, бидете смирени! Повлечете се и медитирајте. Почекајте подобро време.

  • Кога медитирате, не очекувајте. Во спротивно ќе медитирате на сопствените очекувања и нема да ја правите самата медитација.

  • Направете распоред. Се додека не утврдите точен термин, нема да медитирате. Формирајте цврсто решение за редовна медитација.

  • Светлината е секогаш присутна. Колку светлина ќе се појави зависи од вас.




  • Медитација на Срцата Близнаци

    Медитацијата на Срцата близнаци е напредна медитативна техника за постигнување на просветлување или космичка свесност, со активирање на срцевиот и крунскиот енергетски центар.
    Срцевиот енергетски центар се наоѓа на средината на градниот кош. Во него се сместени повисоките рафинирани емоции.
    Крунскиот енергетски центар, исто така наречен духовен срцев центар, се наоѓа на врвот на главата. Тој е премин кон повисоката духовна свесност.
    Кога срцевиот и крунскиот центар се доволно активирани и развиени, медитаторот доживува Божествена љубов и Единство со се.
    Редовното практицирање на Медитацијата на Срцата близнаци доведува до физичка, емотивна и ментална хармонија. Ќе доживеете на внатрешен мир и спокој, ќе станете моќен исцелител и ќе ја зголемите вашата чувствителност.
    Научните истражувања за придобивките од медитацијата покажуваат значајни позитивни резултати.
    Медитацијата на Срцата близнаци е непроценлива форма на светска служба преку благослов на Мајката Земја со љубов и нежност, мир, радост и добра волја.

    Медитација за само-исцелување.

    Преку Медитацијата на Срцата близнаци медитаторот прима огромно количество на Божествена енергија. Оваа енергија која се појавува како брилијантна бела светлина, може да се употреби за исцелување, насочувајќи ја кон заболениот дел од телото.
    На ЦД-то МЕДИТАЦИЈА НА СРЦАТА БЛИЗНАЦИ И ПРАНИЧНО САМО-ЛЕКУВАЊЕ медитацијата е под лично водство на Мастер Чоа Кок Суи.

    Имате можност да научите уште помоќни медитации (Медитација за духовна реализација) на семинарите за напредни Прана исцелители, така наречен Архатик Јога (видете страница за семинари).



    клик до горе
           Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com