Божествена Молитва

Божествената Инвокација е светска молитва преведена на преку 75 јазици и дијалекти.
Изразува одредени суштествени вистини:

  • Постои основна Интелигенција која ние ја нарекуваме Бог.

  • Постои Божествен еволутивен План во универзумот, чија мотивирачка моќ е ЉУБОВТА.

  • Севишниот Исус Христос, Големиот учител, слегол на Земјата и ја материјализирал таа Љубов, за да ни ги доближи Љубовта, Интелигенцијата и Планот Божји. Многу религии го гледаат како Светски учител и го познаваат под разни имиња.

  • Само преку човештвото Божествениот план може да се реализира.


  • Молитва

    Од точката на Светлина во умот на Бог
    Нека потече Светлина во човечкиот ум.
    Нека биде Светлина на Земјата.

    Од точката на Љубов во срцето на Бог
    Нека потече Љубов во човечките срца.
    Нека Исус се врати на Земјата.

    Од центарот каде владее Волјата Господова
    Нека малата човечка волја биде водена од цел
    Цел која Учителите ја знаат и и служат.

    Од центарот наречен човештво
    Нека се исполни Планот на Љубовта и Светлината
    И нека ја запечати вратата зад која бдее злото.

    Нека Светлина, Љубов и Моќ го обноват Планот на Земјата.

           Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com