Енергетски Центри
Предна Срцева Чакра
Се наоѓа на центарот на градниот кош. Го енергизира и контролира срцето, тимусната жлезда и циркулаторниот систем. Неправилната работа на предната срцева чакра се манифестира како болест на срцето или циркулаторниот систем. Соларниот плексус е многу чувствителен на емоции, тензија и стрес и има силно влијание на физичкото срце и предната срцева чакра. Неправилната работа на соларниот плексус може да предизвика неправилност во функцијата на предната срцева чакра и физичкото срце. Предната срцева чакра е тесно поврзана со соларниот плексус преку неколку големи биоплазматични канали и во одредена мерка го енергизира и соларниот плексус. Пациентите со срцеви заболувања вообичаено имаат нарушена функција на соларниот плексус.
Задна Срцева Чакра
Задната срцева чакра се наоѓа на задниот дел од телото во висина на срцето. Основната функција и е контрола и енергизирање на белите дробови и тимусот. Неправилната функција на оваа чакра се манифестира преку белодробни проблеми како астма, туберкулоза итн.
 |