Основач

Мастер Чоа Кок Суи



Чоа Кок Суи, Филипинец со Кинеско потекло, повеќе од 20 години целосно го насочува своето внимание кон феноменот на енергетски подржано само-исцелување. Хемиски инженер, бизнисмен и основач на Институтот за внатрешни студии во Манила. Меѓу неговите студенти се почесто се наоѓаат лекари, што е случај и во Австрија. Насекаде низ светот (САД, Бразил, Индија) во болниците се применува неговиот систем на лекување во пост-оперативните третмани и негување.

Некои од неговите книги се преведи на 24 јазици. Освен основните информации, во нив ќе пронајдете инструкции за превентивни енергетски третмани, како и енергетски третмани за различни здравствени проблеми.

Терминот Мастер е општо прифатен термин во традиционалната ориентална култура, употребуван во многу техники и системи кои потекнуваат од Истокот (јога, борбени вештини итн). Се однесуваат на личност која има постигнато особено високо ниво на образование и остварувања. Тоа се световни титули без религиозно, политичко или какво и да е друго значење надвор од контекстот на Исцелувањето со Прана и учењата на Мастер Чоа Кок Суи.

(Види: "Исцелувачката моќ на Вашите раце" од Стивен Ко и Д-р. Ерик Робинс).

"Енергетското лекување постои уште од далечни времиња во Индија, Кина, Азија, Европа, насекаде во светот. Но, истото е измешано со многу суеверие, суеверни практики и дадени му се разни имиња. Концептите и основите биле мистериозни, понекогаш дури и сомнителни. Интелектуалците ги познаваат генералните концепти на енергијата повеќе од 200-300 години наназад. Додека, концептот на суптилната енергија, научниците и интелектуалците најверојатно го познаваат веќе стотина години.

Она што ние го направивме е анализа на различните методи на лекување на емпириски и јасновиден начин. Ги елиминиравме оние кои не беа практични, безбедни и ефективни. Формулирани се и нови концепти, принципи и терминологии кои претходно не постоеле. Додадени се и систематизирани нови техники на лекување. Врз база на знаењето за концептот и функцијата на енергетските центри и врз база на експерименти, протоколи за лекување и методологијата, формирани се третмани за скоро сите болести. Најважното од се беше водството на интуицијата, пренесено од страна на мојот Учител и Севишните битија.
Ова е начинот на кој беше развиено Модерното Лекување со Прана на Мастер Чоа Кок Суи."



клик до горе
     е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com