Енергетски Центри
Челна Чакра
Се наоѓа на центарот на челото. Контролира и енергизира епифиза и нервен систем. Неправилната функција на челната чакра може да се манифестира како губиток на меморија, парализа или епилепсија. Енергизирањето има ист ефект како и кај крунската чакра, го енергизира целото тело, го преплавува со Прана.
Оваа чакра, која исто така се вика и Трето око, е центар на јасновидноста, визиите и премините во времето и просторот при размислување. Зрачи чиста зелена светлина, а луѓето кои започнале да ја развиваат способноста за гледање повеќе отколку другите луѓе имаат светлечка топка лоцирана на местото на оваа чакра. Оваа топка го заштитува мозокот и му дава енергија.
 |