Кристало-Терапија
Праничната Кристало-Терапија вклучува користење на кристали како инструменти за зголемување на ефективноста на прана третманот.
Ќе ги разберете и примените функциите на енергетското тело. Лекувањето со Прана се состои од користење на Праната и манипулација на биоплазматичната материја кај пациентот. Со Кристало-Терапијата ќе научите многу подобро и полесно да ги совладувате проблемите и третманите со кои ќе се среќавате во Лекувањето со Прана.
Што ќе научите?
Природните моќи и квалитети на кристалите и нивна примена како алатка во напредните техники на Лекувањето со Прана.
Учење на 4-те принципи на употреба на кристали и скапоцени камења во лекувањето, а и за други цели.
Зголемување на способноста за лекување, обезбедување на сопствена заштита и зголемување на енергетското поле со помош на кристали.
Лекување со обоена прана со користење на ласерски кварцен кристал и зголемување на потентноста преку негово полнење и програмирање.
 |