Литература

Сите книги се достапни за порачување на eBay ® i Amazon.com, Pranic Healing Интернет страниците ширум светот или во консултација со најблискиот центар за Лекување со Прана.



The Existence of God is Self Evident CD

ПОСТОЕЊЕТО НА БОГ Е ОЧИГЛЕДНО

Врховниот Бог е се-присутна енергија со свесност. Таа е многу суптилна и дури незабележлива. Стабилна и семоќна. Ги има сите форми, но истовремено е без форма.

Постоењето на природните закони изразени преку математички формули, кои го создаваат и владеат со Универзумот, укажуваат на постоењето на Бог како врховен математичар, кој е се-интелигентен.



Om Mani Padme Hum

OM MANI PADME HUM

Синиот Бисер во Златен Лотус

Извишување

Во време на глобална конфузија и незадоволство, Om Mani Padme Hum ни доаѓа како освежувачко откритие. Спокојството под оваа древна, примарна музичка изведба ја пренесува свесноста на неизмерни височини. Искрениот трагач по едноставната вистина ќе пронајде мир и блаженство, манифестирани во физичката реалност.

Духовна моќ

Изведено од учењата на бесмртниот Тибетански Мастер, оваа книга ви нуди две едноставни, но моќни медитации кои ќе ја забрзаат огромната духовна еволуција преку трансформација и внатрешен развој.

Будење на вистинското ЈАС

Om Mani Padme Hum зрачи со убавина и возбуда поради свеста за просветлувањето, откако ќе станете сведок на отварањето на ливчињата на златниот лотус и откривањето на златниот скапоцен камен скриен во неговите длабочини.

Мастер Чоа Кок Суи ги преминува границите на времето во оваа книга, со тоа што ја открива неговата духовна патека и го претставува неговиот Духовен Учител. Неговиот животен пример, служење на човештвото со сочуство, е трајно запечатено во оваа книга. Креативен автор на 17 книги, истовремено и научник, хемиски инженер, успешен бизнисмен, филантроп, и што е најважно, најпочитуван по Духовниот Учител.

Претседател и основач на Институтот за внатрешни студии, Светската фондација за Лекување со Прана и основач на Архатик Јога Ашрамот - духовен рај во Пуна, Индија.


Inner Teachings of Hinduism Revealed

ОТКРИВАЊЕ НА ДУХОВНИТЕ УЧЕЊА НА ХИНДУИЗМОТ


Потекнато од изобилното знаење од областа на различните религии и директното знаење пренесено од неговиот Учител, Мастер Чоа Кок Суи ги отстранува празноверните верувања и ги открива скриените значења зад Хинду божествата, симболите, ритуалите и практиката.

Без оглед дали припаѓате на Хинду религијата или не, оваа книга ќе ве просветли, едуцира и ќе уживате во неа. Прикажани се древни јоги техники за зголемување на умствената моќ. Овие едноставни техники можат да им бидат предавани на децата со цел да ги направите супер-интелигентни. Возрасните можат да ги практикуваат како превенција на сенилноста во подоцнежните години.



The Essence of Man

ДУХОВНАТА СУШТИНА НА ЧОВЕКОТ

Енергетските центри и превртено Дрво на животот

Колку е релевантен и безвремен древниот мистицизам во споредба со духовната депресија на модерниот човек? Дали е во можност да ја воскресне свеста за вистинската негова природа?

Додека неконтролираното движење на светот создава социо-економски и политички хаос, Мастер Чоа Кок Суине води до изворот, до Дрвото на животот. Со исклучителна едноставност, дава многу практични и во многу нешта провокативни одговори на навидум комплексни прашања од нашето време.

Ова е книга која вдахнува живот во духовната димензија на богатството, сексот, војната, алхемијата и останатите секојдневни преокупации. Овие учења на Лекувањето со Прана се прикажани со одушевувачки свежа перспектива, која може да ја реструктуира, ако не ја промени, парадигмата на многу глобални водачи, политичари, бизнисмени, религиозни луѓе или на било кој човек кој искрено трага за балансиран начин на постоење.

Наспроти мулти-културното опкружување, создадена е синтеза на различни езотерични системи. Енергетските центри, духот, тројниот крст и други симболи претставуваат бисери на мудрост прекрасно поврзани меѓу себе, претставувајќи му на посветениот трагач најефективна стратегија за водење на благословен живот. Дрвото на животот е алтернативен пат кон повторно враќање на духовноста, сето тоа во наша корист.




Your Hands Can Heal You

ВАШИТЕ РАЦЕ ЛЕКУВААТ

Вашите раце лекуваат од Мастер Стивен Ко, дава револуционерна чекор-по-чекор програма на вежби, практика и техники од Лекувањето со Прана кои ќе му овозможат на секој без оглед на возраста, темпераментот, ставот или талентот - брзо и ефективно да ја подигне енергијата на сопственото тело, со цел оптимално здравје и лекување.

Ова вклучува забрзано оздравување од широк спектар на физички, психолошки и емоционални болести. "Вашите раце лекуваат" обезбедува детално водство, соодветно на одличните семинари за Лекување со Прана.




Miracles Through Pranic Healing

ЧУДОТВОРНОТО ЛЕКУВАЊЕ СО ПРАНА

Проширена и обновена верзија на Лекувањето со Прана на Мастер Чоа Кок Суи. Во неа се дадени техники за третирање на повеќе заболувања.
Вклучени се и сведочења на Прана исцелители од светот кои ги потврдуваат чудата кои му се препишуваат на Лекувањето со Прана. Неопходна за сериозните Прана исцелители и Духовни практикувачи.


Advanced Pranic Healing

НАПРЕДНО ЛЕКУВАЊЕ СО ПРАНА

Книга за напредното Лекување со Прана, која се занимава со колорни енергетски техники, кои предизвикуваат многу брзо оздравување од сериозни и тешки болести.
Научете специјализирани техники на Лекување со Прана за брз раст на ткивото, регенерација на клетките, рак, СИДА, дијабетес, леукемија и други сериозни болести.




Pranic Psychotherapy

ПРАНИЧНА ПСИХО-ТЕРАПИЈА

Оваа книга ја покрива употребата на Лекувањето со Прана од областа на психотерапијата. Дадени се техники за подобрување на состојбите кај емоционални и психолочки болести. Специјализирани техники за отстранување и дезинтегрирање на негативни енергии и шеми за драматично забрзување на процесот на лекување на компулзивни однесувања, зависности, депресија.
Само-лекување на тензија, надразливост, тага и вознемиреност.
Неопходна за сите оние заинтересирани за психо-терапија.




Pranic Crystal Healing

ПРАНИЧНА КРИСТАЛО-ТЕРАПИЈА

Прирачник за семинарот Пранична кристало-терапија. Некои од вклучените теми:

  • Зголемување на исцелувачката моќ за 200 пати и повеќе со користење на специфични кристали.
  • Брзо отстранување на негативни емоции и заболени енергии од аурата.
  • Употреба на кристали и заштитни амајлии против енергетски напади.
  • Магиски прстени - тајни на волшебниците и Мастери исцелители, за моќ, лекување и напредок.
  • Научна употреба на пранична енергија во боја или кристали во боја за брзо Пранично лекување..
  • Осветени прстени, привезоци и накит за привлекување на добро здравје и напредок...



Practical Psychic Self Defense

ПРАКТИЧНА ЕНЕРГЕТСКА САМОЗАШТИТА

За вашиот дом и канцеларија

Едноставни, ефективни и практични "лекови" за енергетски проблеми со кои се среќава поголемиот број луѓе. Неколку начини да се заштитите од насочени негативни мисли и енергетско загадување, како што се:

  • Прилагодување и зајакнување на аурата.
  • Отстранување на негативни енергии и вибрации од енергетски нечисти места.
  • Корективни акции кога личноста е енергетски пробиена.
  • Други досега непознати техники.

  • Убавината на оваа книга лежи во употребата на свети, универзално закони на заштита, баланс и хармонија.




    Meditations for Soul Realization

    ЕДИНСТВО СО СЕВИШНАТА ДУША
    МЕДИТАЦИЈА ЗА ДУХОВНА РЕАЛИЗАЦИЈА

    Древни медитации, чувани во тајност со векови, за прв пат откриени и прикажани на јавноста.
    Овие техники ќе ви овозможат да постигнете единство на вашата Инкарнирана душа (често опишувана како карактер на нижата душа) со вашата Севишна душа. Овој феномен е познат како "Реализација на Душата", "Просветлување" или "Само-реализација".
    Севишната душа е искра на Господовата божественост во сите нас. Преку неа ние сме направени според Господовиот лик.


    Universal and Kabbalistic Meditation on the lord's Prayer

    УНИВЕРЗАЛНА И КАБАЛИСТИЧКА МЕДИТАЦИЈА НА "ОЧЕ НАШ"

    Мастер Чоа Кок Суи ги открива тајните на моќта добиени од Дрвото на животот од Кабалата и "Оче наш". Непознато за луѓето, тие содржат скици за забрзан духовен напредок!

    • Откријте ја поврзаноста на Дрвото на животот од Кабалата и Исусовото "Оче наш".
    • Соодветноста на 11-те примарни енергетски центри со 11-те Сефири на Дрвото на животот.
    • Доживејте ја "Оче наш" во форма на моќна медитација за брзо прочистување на аурата и енергетските центри.
    • "Оче наш" е всушност древна техника на Кундалини Јога. Научете како да ги стимулирате енергетските центри и безбедно да ја разбудите заспаната Кундалини енергија.
    • Научете ги енергиите кои одговараат на секоја Сефира.
    • Користете го Дрвото на животот за трансформација на сексуалната енергија во духовно блаженство.

    Се препорачува: CD-то за медитација со ист наслов.



    клик до горе
           Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com