Енергетски центри

Базична чакра

Оваа чакра се наоѓа на крајот на рбетот. Го контролира, енергизира и зајакнува целото физичко тело. Го контролира и енергизира мускулниот и коскениот систем, рбетот, производството и квалитетот на крвта, надбубрежната жлезда, телесните ткива и внатрешните органи. Влијае на репродуктивните органи и ги енергизира. Базичната чакра влијае на телесната температура, општата виталност и растот кај бебињата и децата.

Неправилната функција на оваа чакра се манифестира како артритис, болести на рбетот, болести на крвта, рак на коските, леукемија, алергија, проблеми со растот, намалена виталност и бавно зараснување на рани и скршеници. Личностите со силно активирана базична чакра делуваат цврсто и здраво, додека во спротивно делуваат кршливо и слабо. Старите луѓе најчесто имаат недостаток на енергија во базичната чакра. Затоа нивното тело е слабо и се смалува со годините, рбетот се искривува и имаат тенденција кон развивање на артритис. Ако базичната чакра е многу слаба и телото ќе биде многу слабо.


       Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com