Енергетски Центри

Аџна Чакра

Оваа чакра се наоѓа помеѓу веѓите. Контролира и енергизира хипофиза, ендокрини жлезди и до одреден степен го енергизира мозокот. Се вика уште и Мастер чакра затоа што го насочува и контролира останатите големи чакри, соодветните жлезди со внатрешно лачење и витално органи. Влијае на очите и носот.
Неправилната функција на оваа чакра се манифестира како болест поврзана со ендокрините жлезди, како на пример дијабетес, што бара не само третирање на соларниот плексус кој го контролира панкреасот, туку и на аџна чакра. Енергизирањето на оваа чакра влијае на нивото на енергија на целото тело. Механизмот се разликува од оној на крунската и челната чакра. Наместо вообичаениот ефект на слевање на енергијата, енергизирањето на аџна чакра предизвикува брзо осветлување на останатите чакри, а со тоа и енергизирање на целото тело. Тоа е причината што во харизматичното или молитвеното лекување исцелителите ја допираат со прстите/дланките или крунската, челната или аџна чакра.


       Календар    Форум    е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com